НЕМА ВО НАТО, ШВЕДСКА И ФИНСКА НЕ ГИ ПРЕДАДОА ТЕРОРИСТИТЕ: Ердоган не ја потпишува апликацијата
Шведска и Финска
одбија да екстрадираат околу 130 терористи во Турција, изјави денеска турскиот
претседател Реџеп Таип Ердоган.
Им кажавме на Шведска и Финска за да ви биде одобрено членството во НАТО, треба да ни предадете околу 130 терористи. За жал, тоа не беше сторено“, рече Ердоган, говорејќи во Мугла.
Тој истакна дека Шведска конкретно одбила да го екстрадира новинарот Булент Кенес, кој беше осуден на затвор во Турција.
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, во четвртокот рече дека напредокот во членството на Шведска во НАТО е невозможен додека Стокхолм не стави крај на терористите кои дејствуваат во земјата.
Шведскиот амбасадор во Анкара во четвртокот беше повикан во турското Министерство за надворешни работи, каде што протестираше против пропагандата на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Стокхолм против претседателот Таип Ердоган.
На 18 мај 2022 година, три месеци по почетокот на војната во Украина, Финска и Шведска поднесоа барања до генералниот секретар на НАТО за пристапување во алијансата. Досега, апликациите на Шведска и Финска за НАТО не се ратификувани од само две земји од 30 – Унгарија и Турција.
