Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема влез во ЕУ за Турција додека Ердоган е претседател?

Нема влез во ЕУ за Турција додека Ердоган е претседател?

Турција веројатно нема да стане дел од Европската Унија сè додека Реџеп Таип Ердоган е претседател на земјата, изјави денеска германскиот еврокомесар,  Гинтер Отингер за весникот „Билд“.

Тој објаснува дека идејата претежно муслиманската Турција да стане членка на ЕУ вознемирува многу од земјите.

„Односите се влошија откако се случи обидот за преврат во јули. Тоа прашање веројатно ќе го чека периодот по Ердоган. Со оглед на сегашните услови, пристапот не е реален до крајот на следната деценија“ – вели Отингер.

Турција лани ги обнови преговорите за влез во ЕУ, откако се потпиша договорот меѓу Анкара и Брисел за запирање на бранот бегалци и мигранти.

Турција требаше да добие визна либерализација и забрзување на евроинтеграциите, но процесот тече бавно.

Слично

Поврзани вести