Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ВЕЌЕ ПУШЕЊЕ ВО ПАРКОВИ, НА ПЛАЖИ И ПРЕД УЧИЛИШТА: Европска земја воведе забрана

НЕМА ВЕЌЕ ПУШЕЊЕ ВО ПАРКОВИ, НА ПЛАЖИ И ПРЕД УЧИЛИШТА: Европска земја воведе забрана

Франција забранува пушење на плажите, во парковите и пред училиштата. Полицијата ќе контролира дали забраната се почитува. 

„Франција ќе го забрани пушењето на сите места на отворено кои често ги посетуваaт деца“, соопшти министерката за здравство и семејство Кетрин Вотрин.

Забраната ќе стапи на сила на 1 јули и ќе се однесува на плажите, парковите, јавните градини, просторите пред училиштата, автобуските станици и спортските објекти.

„Тутунот ќе мора да исчезне таму каде што има деца“, порача Вотрин во интервју што го објави дневниот венсик „Квест-Франс“.

Вотрин додаде дека „слободата на пушење мора да заврши таму каде што почнува слободата на децата да вдишуваат свеж воздух. Таа истакна дека терасите на кафулињата ќе бидат изземени од забраната. Најави дека за прекршувањето на правилата ќе биде изречена парична казна од 135 евра, пренесува Би-би-си.

Според Францускиот центар за следење на дрогите и зависноста од дрога, 23,1 процент од француското население пуши секојдневно, што е најниска стапка забележана некогаш. 

Францускиот национален одбор против пушење наведува дека повеќе од 75.000 пушачи годишно умираат од болести поврзани со тутунот, што е 13 проценти од сите смртни случаи. Пушењето во објектите како ресторани и ноќни клубови е забрането во Франција од 2008 година.

Забраната за пушење во парковите како и на плажите и другите јавни места требаше да стапи на сила во 2024 година, но потребната уредба не беше усвоена. Меѓутоа, повеќе од 1.500 општини веќе добровоно забранија пушење на јавни места.

Анкетата на француското здружение Ла Лиг Котур ле Канцер покажува речиси 89 отсто од Французите поддржува забрана на пушење на јавни места како шуми, плажи, паркови и тераси.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести