Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема веќе бесплатно возење низ Германија за странците?

Нема веќе бесплатно возење низ Германија за странците?
Возењето по автопатиштата низ Германија наскоро за странците повеќе нема да биде бесплатно. Да се воведат вињети за странски возила кои ги користат германските автопатишта, уште пред изборите, побара баварската Христијанско-социјална унија (CSU). Прашањето беше покренато по изборите во рамки на преговорите за коалицијата со владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) на Ангела Меркел. CDU досега одбиваше да го прифати предлогот за воведување на вињети за странски возила, сметајќи дека тоа претставува дискриминација и дека е против законите на Европската унија. Меѓутоа, во одговорот на ова барање, еврокомесарот за сообраќај Слим Калас соопшти дека не постојат правни пречки во Германија да се наплаќа патарината за странците. Кампањата за воведување на вињети CSU ја поткрепи со фактот дека Германците плаќаат патарина во многу соседни држави, како што се Австрија, Швајцарија, Франција и Чешка, додека возачите на овие држави низ Германија возат бесплатно.
Слично

Поврзани вести