Нема веќе банкарски тајни!
Cо потпишување на Меѓународниот договор за борба против затајувањето на данок, Швајцарија ја укина банкарската тајност, што до скоро се сметаше за недопирлива, соопшти Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД.
Со тоа, како што објавија од даночниот сектор на ОЕЦД, е означен крај на банкарската тајност во оваа земја, притоа истакнувајќи дека со потпишување на Договорот за размена на информациите меѓу повеќе од 60 земји, е од големо значење во борбата против затајување на данокот.
Конвенцијата досега ја потпишале членките на Групата 20 водечки светски економии, како и уште 40 други земји.
Швајцарија која долго време беше под притисок да ја укине банкарската тајност, е загрижена дека овој чекор ќе го загрози нејзиниот интегритет и репутацијата на нејзините финансиски институции.
Слично
