Нема веќе тестирање козметички производи врз животни во ЕУ
Од денеска во земјите членки на Европската унија е забрането тестирање козметички производи врз животни. Според соопштението од Европската комисија, забраната предвидува од сега на пазарот во ЕУ веќе да не можат да се нудат козметички производи што биле тестирани врз животни.
Меѓу целите на оваа мерка е да се поттикне хуманиот однос кон животните во целиот свет.Еврокомесарот за прашањата на здравствената заштита и заштитата на потрошувачите, Тонио Борч, прецизира дека ЕК е одлучна да продолжи да го поддржува разработувањето на алтернативни методи за тестирање на можностите на козметичките производи, како и да содејствува овој пристап да биде применет и од земјите надвор од ЕУ.
Комисијата забележува дека се уште не е можно целосното заменување на тестирањата врз животни со алтернативни методи.
Меѓу 2007 и 2011 година ЕК доделила околу 238 милиони евра за барање други можности за проверка на ефектите на козметиката. Софинансирањето од козметичката индустрија изнесувало 25 милиони евра, се прецизира во соопштението
