Нема шега, нафтата незапирливо расте!
Во претпладневното тргување во Азија, цените на американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во ноември порасна за 0,93 одсто, на 50,09 долари додека суровата нафта од типот „брент“ за ноемвриска испорака чинела 0,78 одсто повеќе односно 53,06 долари по барел.
Цените на двата вида нафта неодамна се оправија од шестгодишниот минимум, регистриран кон крајот на август, после падот на очекувањата дека Фед годинава ќе ги подигне трошоците на задолжувања, што влијаеше на соборување на вредноста на доларот. Слабиот долар ја прави нафтата поизразена во таа валута да стане ефтина за купувачите во земјите кои имаат други валути, што ја поттикнува побарувачката.
Инвеститорите, иста така се фокусирани на објавување клучни економски податоци од Кина, за инфлацијата и трговијата, а кои би, како што проценуваат можеле да пружат нови докази во поглед на состојбите на земјата која е најголем светски потрошувач на нафта.
Поддршка на цените на нафта пружиле и коментари од генералниот секретар на ОПЕК , Абдулах ел Бадри, кој минатиот викенд изјави дека таа организација предвидува „рамнотежа“ на пазарот на нафта во наредната година.
„ОПЕК верува дека во 2016 година ќе се воочи урамнотежување на нафтата. Во последните неколку месеци, намалено е производството во нечленките на ОПЕК и зголемено е глобалното побарување“, изјавил пазарниот аналитичар на сигапурската компанија IG Markets Бернард Оу.
