Нема шанси Путин да заврши на суд, вели Песков
Нема шанси Путин да заврши на суд, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој вечерва во интервју за британски Скај негираше дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, на што новинарот Марк Остин го праша дали Русија ќе соработува со истрагата на Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во Украина.
Песков одговори дека Русија не го поддржува и не го признава Меѓународниот кривичен суд. Тој тврди дека масакрот во Буча е измислен. Призна и дека имаат големи загуби во Украина.
Но, западните земји бараат да се истражи дали се направени воени злосторства во Буча.
Се појави информација дека германски разузнавачи имаат разговори за тоа дека руските војници убивале цивили.
Слично
