НЕМА РАЗМЕНА НА ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ: Русија откажа во последен момент
Русија во
последен момент ја откажала планираната размена на воени заробеници, соопшти
украинскиот Координативен штаб за третман на воени заробеници.
„Денес беше планирана уште една рунда размена на затвореници со руската страна. Но, таа беше откажана во последен момент на иницијатива на руската страна“, објавија на Телеграм.
Канцеларијата на руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова не коментираше во однос на ова прашање на Ројтерс.
Таа на Телеграм објави дека руски војници наводно пријавиле случаи на изнуда додека биле во украинско заробеништво. На овие обвинувања нема веднаш одговор од Украина. Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот на Москалкова.
EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE
Слично
