НЕМА ПРИСТАП ДО ЗАПАДНИОТ КАПИТАЛ ЗА РУСКАТА ВЛАДА, НА УДАР И БAНКИТЕ - Бајден кажа какви ќе бидат санкциите
Американскиот претседател Џо Бајден ги опиша тековните настани во Украина како „почеток на руската инвазија на Украина“ и наведе строги санкции кои ги казнуваат таквите дејствија од страна на Москва.
„Како одговор, почнувам да воведувам санкции кои ги надминуваат чекорите што ние и нашите сојузници и партнери ги презедовме во 2014 година (кога Русија го анектира полуостровот Крим)“, рече Бајден во своето обраќање од Белата куќа.
Тој ја најави првата „транша од санкции“, во која се вклучени руската банка ВЕБ и воената банка, како и државниот долг на Русија.
„Тоа значи прекинување на пристапот до западниот капитал за “Руската влада“, рече тој.
Описот на Бајден за руската инвазија на Украина веднаш ја зголемува сериозноста на санкциите кои ќе ја казнат Москва, пишува Ројтерс. Тој потсетува дека американскиот претседател и неговите високи функционери ветиле тешки економски последици за Москва доколку руските војници влезат во Украина, вклучително и санкции против членовите на потесниот круг на Путин и финансиските институции.
Извор: Индекс.хрФото: ЕПА
