Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО НЕПАЛ: Досега извлечени 68 тела на загинатите

НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО НЕПАЛ: Досега извлечени 68 тела на загинатите

Сите патници и четворицата членови на екипажот се загинати во авионската несреќа што се случи утринава во Непал, јавувуваат локалните медиуми, наведувајќи дека досега се извлечени 68 тела. Во моментот на несреќата во авионот на непалската компанија Јети ерлајнс имало 72 лица, меѓу кои 15-тина странски државјани.

Во несреќата се загинати државјани на Франција, Ирска, Русија, Јужна Кореја, Австралија.

Ројтерс наведува дека уште се утврдуваат причините за несреќата, додека Флајтрадар претходно објави дека авионот бил стар 15 години и дека инструментите кои му даваат податоци биле застарена технологија.

Локалните медиуми јавуваат дека авионот се урнал додека се обидувал да слета на меѓународниот аеродром Похара.

EPA-EFE/BIJAYA NEUPANE

Слично

Поврзани вести