Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема повеќе „златни пасоши“ за Руси и Белоруси - вака одлучи Малта

Нема повеќе „златни пасоши“ за Руси и Белоруси - вака одлучи Малта

Малта привремено го стопира издавањето „златните пасоши“ на Руси и Белоруси, пренесуваат светските, но и руските медиуми. 

Државата денеска објави дека времено ќе запре со давање државјанства и дозволи за престој на Руси и Белоруси по руската инвазија на Украина, суспендирајќи ја шемата на „златните пасоши“ за богати инвеститори.

Парламентарниот секретаријат на Малта, задолжен за државјанства, во соопштението информира, дека „се суспендира, до натамошно известување, процесирањето на барањата од државјани на Руската Федерација и Белорусија“. Различни земји во светот даваат „златни пасоши“ на инвеститори, со цел од нив да имаат економски бенефит.

Бугарија ги укинува „златните пасоши“ затоа што не дале ефект. 

ЕУ воведе санкции за Русија, но и за Белорусија поради инвазијата на Украина. Веќе седум дена се војува во Украина. 

Слично

Поврзани вести