Нема повеќе политичко гласање со џамлии, отсега ќе се гласа со гласачки ливчиња во Гамбија
Нема повеќе гласање со џамлии во Гамбија. Локалните избори во април и мај најверојатно ќе бидат последните на кои ќе се гласа со џамлии, па потоа ќе се воведат нормални гласачки ливчиа.
Овој систем со џамлии бил воведен во 60-тите со цел да се спречат изборни неправилности како и да се овозможи учество на изборите и на неписменото население.
Процесот е следен: преставниците на општинската изборна едница на секој гласач му даваат по една џамлија за гласање, потоа тој што гласа ја пушта џамлијата низ мал отвор во бурето со фотографија од кандидатот за кој се определува да гласа. Избирачките претставници внимателно слушаат дали и колку пати ќе одекне ѕвончето што е поставено на крајот на цевката во бурето низ која паѓа џамлијата со што изборната комисија се грижи никој да не гласа повеќе од еднаш.
Пребројувањето на гласовите се одвива на тој начин што џамлиите се редат во сад со по 200 или 500 дупки и потоа така се бројат. Резултатите се соопштуваат веднаш по броењето на гласовите.
