Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема повеќе карантин, но Нов Зеланд со системoт „семафор“ ќе го сузбива делта сојот

Нема повеќе карантин, но Нов Зеланд со системoт „семафор“ ќе го сузбива делта сојот

Властите во Нов Зеланд, со нова стратегија ќе се борат против коронавирусот. 

Карантин веќе нема да има. Ќе одат во насока да го сузбијат делта сојот.  Премиерката Џасинда Ардерн најави дека ќе има промени.

„Суровата вистина е дека делта-сојот е тука и не е спремен да исчезне. Иако ниту една земја не успеа целосно да го елиминира делта-сојот, Нов Зеланд е во подобра позиција од повеќето други да се справи со тоа“, рече таа.

Досега нејзината влада се обидуваше целосно да го елиминира вирусот.  Новиот систем, беше претставен како систем „семафор“. Зеленото значи дека нема да има никакви контроли за вирусот, портокаловото значи дека ќе се носи маска на некои места, а црвеното дозволува продавниците да бидат отворени само за вакцинираните клиенти со неопходното почитување на физичката дистанца. Од коронавирусот починаа 40 луѓе во Нов Зеланд. За еден заразен се затвораше цел град. 

Слично

Поврзани вести