Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема повеќе изговор „немам ситно“ за верниците во Бранденбург

Нема повеќе изговор „немам ситно“ за верниците во Бранденбург

Протестантската црква во Бранденбуг ќе започне со електронска наплата со картичка на милостината од страна на верниците кои немаат ситно во готовина.

Класичните кутии за црковен прилог ќе бидат опремени и со дисплеј и со уред за бесконтактно плаќање, а тоа истовремено ќе биде патентирано од страна на црквата како изум.

- Во провинција патот до банката често знае да долг и макотрпен, а милостината вака директно завршува на банкарската сметка што ја имаме и тоа ја намалува бирократската постапка - соопштува црквата од Берлин-Бранденбург.

Се размислува овој начин на плаќање да се прошири на ниво на цела Германија, а се планира посебна апликација за делење црковен прилог.


Слично

Поврзани вести