Нема повеќе внесување луксузни производи во Иран
Иранските власти го забранија увозот на странски автомобили, лап-топ компјутери и друга луксузна стока во обид да спасат милијарди долари, пренесуваат иранските медиуми.
Веќе е објавена забранетата листа на која се најдоа 75 производи, од часовници и мобилни телефони, до кафе и тоалетна хартија, кои не можат да бидат увезени од странство.
Забраната сепак не се однесува на компонентите од кои се произведуваат дел од забранетите производи. Имено во Иран има развиено производство на часовници, лаптопи и мобилни телефони.
Државата презема голем број мерки со кои се обидува да ги ублажи ефектите од санкции со нафта и блокирањето на банкарскиот сектор од страна на западните земји кои го обвинуваат Техеран поради неговата нуклеарна програма.
Слично
