НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРОПОВЕДНИЦИ – кинескиот лидер до шефицата за човекови права на ОН
Кинескиот претседател Си Џинпинг бранејќи ги човековите права во неговата земја на официјалната претставничка на ОН која е во посета на земјата и посочи оти „нема потреба од проповедници да раководат низ други земји“, објавува Си-Ен-Ен.
Забелешките на Си, направени во видео-повикот со високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Мишел Башеле, веројатно ќе ја надополнат контроверзноста за кое критичарите велат дека ризикува да стане пропагандна алатка за Пекинг.
Башеле, која во понеделникот пристигна во Кина на шестдневна турнеја, се очекува да го посети далечно-западниот регион Ксинџијанг, каде има обвинувања за присилна асимилација, принудна работа и присилна стерилизација главно против муслиманските малцинства.
Патувањето на шефицата за човекови права на ОН во Кина, прв пат по 2005 година, беше проследено со контраверзии за пристапот и слободата на Башеле да разговара со локалното население без надзор, што предизвикува стравувања дека го ризикува кредибилитетот на нејзината канцеларија.
Во средата, Си и рече на Башеле дека развојот на човековите права во Кина „одговара на нејзините национални услови“.
- По прашањето за човековите права, ниту една земја не е совршена, нема потреба од „проповедници“ да шефуваат низ други земји, уште помалку да го политизираат прашањето, да практикуваат двојни стандарди или да го користат како изговор да се мешаат во други земји, во нивните внатрешни работи - кажа Си.
Башеле рече дека е посветена на посетата бидејќи „приоритет е директно да се ангажира со кинеската влада за прашањата за човековите права“.
