Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема основа за паника од бран Бугари и Романци во Велика Британија

Нема основа за паника од бран Бугари и Романци во Велика Британија
Министерот за Европа во британската влада, Дејвид Лидингтон изјави денеска дека „нема основа за паника“ околу можниот наплив на бугарски и романски имигранти во Велика Британија,по завршувањето на миграционите рестрикции за државјаните од Бугарија и Романија. Во разговор за „Дејли телеграф“,Лидингтон рече дека Форин Офисот и владата нема да првата дополнителни истражувања  за тоа колку имигранти од овие две балкански земји се очекуваат по 1 јануари 2014 година,кога рестрикциите ќе престанат да важат,ниту пак ке се прави посебна пропагандна кампања за одвракање на Бугарите и Романците,да не доаѓаат во Велика Британија,како што тоа претходно се навестуваше. Идејата за правање специјални постери или за телевизиска кампања,во стилот-не доаѓајте во Велика Британија затоа што времете е ужасно и затоа што Британците не ве сакаат-не беше никогаш во план,вели британскиот министер за европски прашања. Според Лидингтон,наместо креирање на антикампања Форин Офисот сака да работи заедно со владите на Бугарија и на Романија околу информирањето на лугето,за тоа што ке ги очекува кога ке дојдат во Велика Британија.Тоа не значи дека ние во Лондон,само седиме и чекаме лугето од тие земји да почне да доаѓаат,но тие треба да знаат дека може да доаѓаат овде и низ ЕУ ако имаат работа,рече за лондонскиот весник,министерот за Европа Дејвид Лидингтон
Слично

Поврзани вести