Нема олабавување на монетарната политика во Кина
Официјален Пекинг не се откажува од мерките за зајакнување на кинеската економија. Денеска Кинеската централната банка ги повика останатите банки да ја зајакнат својата ликвидност, потег кој е знак дека владата нема намера да ја разлабави монетарната политика иако имаше кредитна криза во земјата.
Како што стои во соопштението испратено од Централната банка, во моментов, вкупната ликвидност во банкарскиот сектор на прифатливо ниво.
По ваквата информација активности на кинеските берзи се намалија ова утро за 5,30 проценти. Инаку ова е првиот извештај на Кинеската народната банка откако дојде до рекорден раст на меѓубанкарските трошоците за кредитирање што предизвика загриженост во Кина.
Слично
