НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ: Малезискиот авион стотици милји надвор од планираниот курс?
Исчезнатот Боинг 777-200 на „Малезија Ерлајнс“ тргнал да се враќа назад кон Малезија и бил стотици милји надвор од предвидениот курс кога се изгубил од радарот, изјавил официјален претставник на малезиското воено воздухопловство.
Високиот армиски претставник, кој побарал анонимност, вели дека наместо да се движи кон Кина, авионот летал назад кон Малезија во моментот кога неговиот локатор престанал да работи.
„Ваква промена на курсот едноставно не може да се објасни“, изјавил за Си-Ен-Ен, експертот за авијација Пол Гоец. Малезиските воздухопловни власти објавија дека авионот последен пат бил забележан од радарите некаде над Пулау Перак, мал остров во појасот Малака, кој е на стотици милји надвор од вообичаената воздушна линија од Куала Лумпур за Пекинг.
Слично
