Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема носење бурки за жените во делови на Мосул

Нема носење бурки за жените во делови на Мосул

Организацијата „Исламска држава“ им забрани на жените да носат бурки во делови од градот Мосул во Ирак.

Припадник на групата за британски медиуми открил дека забраната е донесена по серијата напади што врз лидери на ИСИС ги извршиле жени облечени во бурки и никаби, пишува  Дејли мејл.

Жените на другите јавни места и понатаму ќе мора да бидат целосно покриени. Во местата под контрола на ИСИС им наложуваат на жените да го покријат секој дел од телото, вклучувајќи ги и очите.  Жените кои не носеа соодветна облека досега беа јавно камшикувани, па дури и убивани.

Забраната за носење бурки во Мосул доаѓа во моменти кога во Европа растат контроверзиите околу носењето на традиционалната муслиманска облека во јавност.

Властите на „Исламска држава“ во последните неколку месеци донесоа повеќе нелогични прописи, од кои еден забранува судии во фудбал. Пушењето, танцувањето, гледањето странски телевизии, интернетот и сателитските антени се забранети од самото основање на таканаречениот калифат.

Слично

Поврзани вести