Нема ништо опасно во пакетот, поради кој ја затворија канцеларијата на Меркел
Германската полиција соопшти дека веќе нема опасност за безбедноста, откако ги претресе сомнителните пакети, оставени пред канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин.
Полицијата го блокираше пристапот до канцеларијата додека владините министри се собираа таму за утринска средба во кабинетот. Министерската средба се спровела по распоредот, а кординациите на силите за безбедност биле прекинати.
„Експертите не пронајдоа ништо сомнително“, изјавил портпаролот на германската Сојузна полиција. Тој изјавил дека петте предмети биле отворени без да се појасни дали тие биле пакети или писма.
Властите во земјата се во потрага, откако во новогодишната ноќ две железнички станици во Минхен беа затворени поради добиени сигнали за напади од Сиријците и Ирачаните.
Во 2010 година полицијата пресретнала пакет во собата за пошта на канцеларот, кој според министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер содржел експлозив испратен од Грција.
