Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема независна Турција додека црква не биде џамија?

Нема независна Турција додека црква не биде џамија?

Битката за црквата Света Софија во Турција е се пожестока, а многумина во земјата сметаат дека нема независна Турција додека црквата повторно не биде џамија.

Бившата црква, а сега музеј е изградена во 527 година како православен храм. Во 1453 година Турците ја претвориле во царска џамија кога го освоиле Константинопол, денешен Истанбул.

Од 1931-35 година е реновирана и станала музеј, а турските конзервативци сакаат таа да биде џамија.

Во последната деценија ова е многу актуелно прашање, за што имаше митинзи и потпишување на петиции.

На 11 април 2015 година се читаше Куранот по 85 години, на роденденот  на пророкот Мухамед и тоа се совпадна со ден пред славењето на Велигден.

Во ноември лани младич се молеше и привлече внимание откако фотографијата се прошири на социјалните мрежи.

Оваа година на 28 мај многу граѓани се собраа и бараат црквата да стане џамија.

Турски интелектуалец кој сака да остане анонимен објасни дека со Света Софија се манипулира и ова е обид да се оживее отоманскиот сон.

Слично

Поврзани вести