Нема место за геј паровите ни во Словенија
Референдумот за истополови бракови во Словенија заврши неуспешно. Со 63 отсто против и 37 отсто „за”, отфрлен е предлог-законот геј паровите да можат да стапуваат во брак и да посвојуваат деца.
Претходно, словенскиот парламент го усвои законот со кој им се овозможи на геј луѓето да се венчат, но не и да посвојуваат.
Сепак, противниците на овој закон покренаа кампања и успеаја да соберат 40 000 потписи, неопходни за да се оди на референдум.
Референдум за геј-бракови претходно имаше во Словенија во 2012 година, но помина неуспешно бидејќи само мал дел од населението излегло на гласање.
Слично
