Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема криза за милијардерите: од 2009-та до денес го дуплирале богатството!

Нема криза за милијардерите: од 2009-та до денес го дуплирале богатството!
Додека милиони луѓе остануваат без работа или работат за помала плата и ги преживуваат строгите мерки за штедење, врвот на високата класа нема причина за загриженост. Напротив кај нив се случува сосема спротивното, новите податоци покажуваат дека високата класа на луѓе не само што немаат причина за загриженост , туку се и надеваат дека оваа златна состојба за нив ќе потрае многу подолго од очекуваното. Извештајот на "The Wealth X and UBS Billionaire Census 2013", објавен оваа недела покажува дека милјардерите од кризната 2009-та до сега двојно го зголемиле своето богатство. Со дополнителни 226 милијарди долари само минатата година си го дополниле своето богатство. Овие податоци потврдуваат како нечиј ноќен кошмар кој многумина ги погодува, всушност е најубав сон за ултра богатите луѓе. Во исто време критизирањето на истите се нарекува екстремизам, а ново-старите економски правци ни сугерираат како капитализмот е најдобар модел во историјата на човештвото. За да се добие вистинската слика на ситуацијата е доволно да се каже дека заеднички грст од  богатството на ултра-богатите е поголемо  од БДП на било која земја во светот, освен САД и Кина. Елитата на високата класа во 2009-та поседувала 3,1 билијарди долари, додека тој износ денес изнесува 6,5 билијарди долари. Уште неколку интересни податоци покажуваат дека поголемиот дел од богатството се наоѓа во банкарскиот сектор кој оваа година беше “спасуван“ делумно од САД, но и Европа (17%) додека на произвоттвото му припаѓаат само 8%.С поред ова сликата е повеќе од јасна, парите на народот, на работникот се земени и префрлени во банките. Каде се наоѓа класата милијардери? Најмногу ги има во САД 515, на второто место е Кина со 157 милијардери,следна е Германија(148), Британија (135) и Русија (108). Членството во овој елитен клуб на супер богати е зголемено за 60% од 2009-та. Односно од 2009 година до денеска во клубот влегле нови 810 милијардери, така што вкупниот број е 2,170. Сепак извештајот прогнозира поголем раст на бројот на милијардери, односно до 2020 година нивната бројка ќе се искачи на 3,900, т.е. во клубот ќе се вклучат дополнителни 1,700 милијардери,се наведува во извештајот. Најголемиор раст на супер-богаташите се случил во Азија каде Кина е на чело на процесот. Европа која е длабоко погодена од кризата и проблемите е единствената која во овој период го намалила бројот на милијардери.   K. K.  
Слично

Поврзани вести