Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема криза за Австралија, земјата бележи намалување на невработеноста

Нема криза за Австралија, земјата бележи намалување на невработеноста
Во септември стапката на невработеност во Австралија се намали на 5,6 проценти, благодарение на отворањето на 9,100 нови работни места. Во споредба со минатиот месец сезонски прилагодената стапка на невработеност се намали, кога беа забележани 5,8 проценти, пренесува Франс прес. -Неодамнешниот раст на довербата и стабилизацијата на условите на пазарот за труд се добредојдени, но и понатака се слаб знак дека економската активност напредува, изјави економистот на компанијата АНЗ, Џастин Фабо. Забавувањето на економскиот раст на Кина, клучниот извозен пазар за Австралија, го погоди австралискиот рударски сектор. Власта вети дека ќе го оживее рударскиот сектор со намалувањето на даноците на добивката на компаниите.
Слично

Поврзани вести