НЕМА КОНТРОЛА: Силувано осумгодишно дете, индискиот бес се шири
Бес и лутина низ Индија поради бруталното силување и убиство на осумгодишно девојче, пренесува BBC.
Телото на Асифа Бано, којашто беше од муслиманско номадско племе, беше пронајдено во шума на 17 јануари, во близина на градот Катуа.
Оваа приказна предизвика огромна медиумска дразба откако хинду десничарските групи протестираа против апсењето на обвинетиот, кој исто така припаѓа на хинду заедницата.
Луѓето се лути што ужасното злосторство станало религиозно жариште.
Полицијата уапси осум мажи, меѓу кои и пензиониран владин претставник, четворица полицајци и малолетник во врска со смртта на Асифа.
Сепак, апсењата предизвикаа протести во хиндуистичкото мнозинство Џаму.
Лутината околу поддршката што му била покажана на обвинетиот брзо го зголемила интензитетот на Твитер со хаштагот #Ката и #justiceforAsifa.
Властите и активистите се кренаа за спречување на овие неправди со кои се уништуваат животите на жените и децата. Бизарниот „тренд“ мора да престане. Некој мора да плати без разлика на сѐ.
