НЕМА ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Прозападните сили победија на изборите во Украина
Прозападните и националистичките партии однесоа убедлива победа на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Украина. Изборите ги бојкотираа проруските региони на истокот на земјата, покажаа првичните анкети по излезот од гласачките места.
Проевропскиот блок што го предводи украинскиот претседател Петро Порошенко и Народниот фронт на премиерот Арсениј Јаценјук освоија 23 и 21 отсто од гласовите, додека опозициската партија на соборениот претседател Виктор Јанукович доби помалку од осум проценти од гласовите.
Според овие резултати, партијата на Порошенко ќе победи, но нема да има убедливо мнозинство. Иако Порошенко и Јаценјук водат две ривалски партии и двајцата се прозападно ориентирани и во кампањата се залагаа за реформи со кои ќе се врати на нозе пропаднатата економија во земјата разорена од повеќемесечниот граѓански конфликт.
Слично
