Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар: нема информаци дали Сарис се договори со Москва

Кипар: нема информаци дали Сарис се договори со Москва

Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис денеска ја напуштил Москва каде пристигна во вторникот за поддршка од руските власти. Не е соопштено за евентуален договор, јавија западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во Москва.

Сарис се обиде да издејствува олеснување на условите за заемот од 2,5 милијарди евра од Москва дадени во 2011 година.

Кипарски милионери кои имаат бизниси во странство, се подготвени да му помогнат на Кипар со финансиски и други средства, објави весникот Филелефтерос. Меѓу нив е и кипарската заедница во Англија. Тоа го изјавил за весникот Тони Геролему, кој е член на заедницата.

Во исто време уверувања дека нема да го заборават Кипар даваат претставници на големи странски компании кои „вртат“ бизнис на Островот, објави Сајпрус меил.

Парламентот на Кипар денеска ќе разгледа девет нацрт-закони за спас на банкарскиот систем на островот.

Инциденти избувнаа синоќа пред кипарскиот парламент меѓу вработени во банки и штедачи и силите на редот. Демонстрантите носеле плакати и скандирале против непотврдените информации за затворање на Народната банка. Дел од демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на парламентот откако пробиле полициски кордон.

Шефот на Народната банка негираше такви информации, но нагласи дека таа ќе банкротира ако не биде преструктуирана.

Проект за преструктуирање на банката денеска ќе биде разгледан во парламентот заедно со уште осум нацрт-закони за спас на банкарскиот систем на островот.

Кипарската влада до парламентот вчера поднесе предлог закон, според кој министерот за финансии или гувернерот на Централната банка ќе можат да наметнуваат капитална контрола врз банките.

Целта на предлог законот е, во случај на вонредни околности и во интерес на јавниот ред и безбедноста, на министерот за финансии или на гуверенрот на Централната банка да им се дадат надлежности да наметнуваат привремени рестриктивни мерки, вклучувајќи и ограничувања врз контролата на капиталот, се навдува во текстот од предлог законот.

Кипар ќе основа инвестициски фонд за солидарност, преку кој ќе се соберат потребните 5,8 милијарди евра, со цел земјата да може да склучи договор за финансиска поддршка од Европскиот стабилизациски механизам во износ од 10 милијарди евра.

- Врз основа на предлогот на претседателот Никос Анастасијадис постигнат е консензус и едногласна одлука за создавање Фонд за инвестициска солидарност, изјави портпаролот на кипарската Влада Христос Стилијанидис. Останатите политичари кои присуствувале на кризниот состанок со шефот на државата порачаа дека данокот на банкарските депозити е целосно отфрлен.

Слично

Поврзани вести