Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема храна во Северодоњецк, сите магацини се уништени

Нема храна во Северодоњецк, сите магацини се уништени

Kaко што објави Киев Индипендент, гувернерот на Луганската област, Сергеј Гајдај изјавил дека сите магацини со храна во Северодоњецк се уништени и жителите можат да добијат храна само преку хуманитарна помош. 

Гајдај рекол дека руските сили уништиле неколку станбени згради во Рубижне и Новодружск во Луганската област.

Тој соопшти дека руските сили сега контролираат 80 отсто од украинскиот регион. 

Пред руската извазија украинските власти контролираа 60 проценти од регионот Луганск – една од двете области што го сочинуваат Донбас.

Русија објави дека го има под контрола украинскиот град Мариупол, со што си овозможува поврзување со Крим. 

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести