Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДУПЧЕЊЕ НАФТА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Се затвораат изворите

НЕМА ДУПЧЕЊЕ НАФТА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Се затвораат изворите

Градот Лос Анџелес ќе го забрани дупчењето нафта во градот односно во населените места, одлучија вчера советниците со што се забранува изградба на нови бунари и престанок на работа за постоечките.

Според западните медиуми, илјадници активни извори се наоѓаат во густо населени населби односно најчесто, каде што луѓето се со ниски приходи, веднаш до училиштата, домовите, паркови, трговски центри или гробишта. Намерата на жителите и на еколошките активисти е да се отстранат поради тоа што се опасни по здравјето. 

„Копањето нафта во Лос Анџелес можеби имаше смисла на почетокот на 20 век, но сигурно нема многу смисла сега кога станавме мегалополис, во 21 век, рече Пол Крекоријан, претседател на Градскиот буџетски комитет.

Според Одделот за урбанизам, во Лос Анџелес има 26 полиња за нафта и гас и над 5.000 бунари.

Ешли Хернандез, која се залагала за затворање на бунарите, вели дека како дете се разболела, имала крвавење од носот и инфекција на очите.

„Цел живот живеам во наајизложените делови на населбите кај нафтените извори и не можам да почнам да изразувам како се чувствувам додека сум овде во мигов!, рече таа по гласањето. 


Слично

Поврзани вести