Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема нови оданочувања за кипарските депозити

Нема нови оданочувања за кипарските депозити
Нема да биде наметната нова докапитализација или дополнителни даночни оптоварувања за штедачите во кипарските банки надвор од веќе договорениот спасувачки пакет со кредиторската тројка, изјави владиниот портпарол Христос Стилианидис. Како што пренесува „Филелефтерос", Стилианидис смета дека Европската комисија ги зголемен финансиските потреби на Кипар до 23,5 милијарди евра, но од друга страна тоа во никој случај не значи дека се наметнува нова докапитализација на банките или какви нови даночни оптоварувања за штедачите. „Овие 23,5 милијарди евра, за кои стана збор во анализата на Европската комисија, се земени во предвид и се вклучени како оценка во конечниот текст на меморандумот за кредитниот аранжман со Кипар", рече Стилианидис. Финансиските показатели на Кипар се влошени од 23 ноември 2012 година, кога беше направен нацрт планот со доверителите, а кога финансиските потреби на островот изнесуваше 17,5 милијарди евра. Во меѓувреме во Еврогрупата беше негирано тврдењето дека имало барање од страна на Еврогрупата или "тројката" меѓународни кредитори за продажба на златните резерви на Кипар со цел финансирање на спасувачкиот пакет за островот. Европската комисија во својот анализа неделава најави дека Кипар ќе биде принуден да го продаде поголемиот дел од својот златен резерви, за да може да се стабилизира економијата. Станува збор за злато во вредност од околу 400 милиони евра, кое Кипар го чува за да врши итни плаќања. Земјата веќе беше принудена да затвори една од двете големи банки и да ја реструктуира втората, како услов за помошта од 10 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести