Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема докази дека рускиот ербас A321 се распаднал во воздух

Нема докази дека рускиот ербас A321 се распаднал во воздух

Министерството за цивилна и воздушна пловидба на Египет изјави дека нема докази за рускиот авион да се распаднал во воздух над Синајскиот Полуостров, објави Ројтерс.

Во неделата извршниот директор на Државниот авијациски комитет Виктор Сороченко изјави дека урнатиот во саботата во Египет руски патнички авион се распаднал уште во воздухот.

Но египетскиот портпарол Мохамед Рахми потврди дека пилотите не пратиле сигнал за несреќа пред трагедијата.

Тој додаде дека истражен тим, предводен од Египет и помошници од експерти од Русија, и Ирска, каде авионот е регистриран, се вратија утринава на местото на несреќата.

Штом истражувачите ја завршат истрагата на местото на инцидентот, најверојатно подоцна денес, тие ќе се фокусираат на анализа на информациите од "црните кутии", додаде тој.

Извори од истражната комисија најавија дека снимките се во добра состојба и дека треба да бидат откриени индиции.

Според зборовите на Рахми уште нема докази дека авионот се распаднал во воздух. "Ова може да биде долг процес и ние не можеме да зборуваме за резултатите, додека продолжува", појасни тој.

Сепак многумина експерти веруваат дека авионот се распаднал во воздух, бидејќи немаше сигнал за несреќа од пилотите и остатоците од авионот се распрснале на голема територија.

Во меѓувреме извори од меѓународната комисија, кои се занимаваат со декрипција на "црните кутии", изјавија дека причината за несреќата е поврзана со дефект во структурата на авионот, која довела до неговиот пад, објави РИА "Новости".

Според изворите имало дефект во десната страна на опашката на авионот. Тие ја исклучуваат варијантата авионот да е соборен од ракета или како резултат на надворешно влијание.

Египетски експерт истакна, цитиран од РИА "Новости" дека анализа на поврдеи по телата на жртвите покажува дека може да имало експлозија на авионот во воздух.

Потсетуваме авионот А321 на руската компанија "Когалимавиа" по полетувањет од египетското летувалиште Шар Мел Шеик до Санкт Петербург се урна во Синај по  23 минути лет. Загинаа сите 217 патници и 7-член екипаж.

Слично

Поврзани вести