Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема докажан исламистички мотив при нападот со нож во Минхен

Нема докажан исламистички мотив при нападот со нож во Минхен

Нема докажан исламистички мотив при нападот со нож во германскиот град Минхен, при што едно лице почина.

Напаѓачот, кој е германски државјанин, има психички проблеми и е наркозависник, изјавија властите во германската провинција.

Рано утринава непознат маж изврши вооружен напад со „очигледен исламистички мотив“ во баварскиот град Графинг. Еден човек почина, а тројца беа повредени како последица на нападот.

Полицијата соопшти дека уапсила 27-годишен германски државјанин кој околу 5 часот по локално време нападнал со нож четири лица на железничката станица во градот Графинг, источно од Минхен.

Една од жртвите - 50-годишен маж, подоцна починал од повредите во локалната болница, изјави портпаролот на обвинителството Кен Хаиденраих. Другите повредени се исто мажи над 40-годишна возраст.

Пред локалните медиуми сведоци изјавија дека сторителот извикувал „Алах акбар“ ( “Алах е голем“) за време на нападот.

Ова е трет напад со нож со наводен исламски мотив во Германија од септември досега.

Слично

Поврзани вести