Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, кочи Франција

Нема договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, кочи Франција
Трговските министри на Европската унија не успеаја да постигнат договор за преговорите за слободна трговија со САД. Причината беше одбивањето на Франција да отстапи од барањето нејзиниот аудиовизуелен сектор да биде исклучен од преговорите. На тој начин се одложи давањето на официјален старт на трговските преговори меѓу Брисел и Вашингтон следната недела - еден од најчекуваните настани за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама во Европа. Франција останува цврста во намерата да го заштити својата културен идентитет од моќта на Холивуд и Силиконската долина. Париз инсистира државните субвенции и рестриктивните квоти за филмови и телевизиски емисии да останат надвор од преговорите. За време на разговорите во Луксембург, европскиот комесар за трговија Карел де Гухт предложи на француската влада да има право да ја оспорува секоја понуда упатени кон САД,  во врска со француските филмови, телевизија и музика, кога преговорите конечно ќе започнат. Францускиот министер за трговија Никол Брик сепак цврсто одби ваков компромисен предлог, велејќи дека француската култура никогаш нема да подлежи на преговори. Сите други земји-членки на ЕУ, исто така, повикуваат на заштита на културата, но мнозинството од нив преферираат овој сектор да биде дел од разговорите подоцна, поради стравувањата дека ова може да предизвика слични барања и од страна на САД - на пример заштита на затворениот морски транспорт - од што директно ќе настрадаат Данска и Грција, зависни од морските трговија. Европската унија има потреба од согласност на Франција, а сите комерцијални трансакции во заедницата, треба да бидат поддржани од сите земји-членки.
Слично

Поврзани вести