Нема договор во Минск после 14 часа разговор, Порошенко: Не ги прифаќаме руските услови
Состанокот во Минск кој се однесува на ситуацијата во Украина, започна во средата и сеуште трае но засега нема договор.
Како што пренесуваат медиумите, во разговорите учестуваат претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Украина Петро Порошенко, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.
Путин, Порошенко, Оланд и Меркел се обидуваат да стават крај на борбите во Украина во кои досега настрадале повеќе од 5,300 луѓе.
Претседателот на Украина Петро Порошенко рекол дека денеска за жал „Нема добри вести се уште“ во маратонскиот состанок во Минск и дека Русија поставила неприфатливи услови.
„Поставени се услови кои не ги сметам за прифатливи. Процесот (на преговарање) е во тек. Постои секогаш надеж“, изјавил за време на паузата Порошенко по повеќе од 14 часа разговори видно изморен не сакајќи да навлегува во детали, пренесува АФП.
Меркел, Оланд и Путин како пренесува агенцијата Тасс, после повеќе од 14 часа отишле да разговараат во затворени врати каде се продолжуваат разговорите.
Слично
