Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДОГОВОР: Нема намалување на производството на нафта за повисоки цени

НЕМА ДОГОВОР: Нема намалување на производството на нафта за повисоки цени
Земјите-извознички на нафта од ОПЕК на денешниот состанок во Виена не постигнаа договор за да го намалат дневното производство и со тоа да предизвикаат раст на цените на нафтата на светските берзи. „ОПЕК одлучи да го задржи моменталното ниво на производство и покрај глобалните залихи заради кои цената на нафтата е во постојан пад“, истакна министерот за енергетика на Кувајт Али ал-Омар. Дванаесетте членки на нафтениот картел во Виена одржаа еден од најтешките и најважните сотаноци во последните неколку години. На крајот ОПЕК одлучи дневното производство да го задржи на 30 милиони барели и покрај падот на цената на овој енергенс за повеќе од 30%. Откако одлуката беше соопштена, цената на нафтата падна на нов, рекорден минимум. попладнево, барел северноморски „брент“ за јануарска испорака во Лондон се продаваше за само 74,36 долари, а барел американска „лесна“ нафта на меркантилната берза во Њујорк потона на 70,87 долари за барел, што се цени последен пат забележани во август 2010 година.
Слично

Поврзани вести