Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема договор меѓу компјутерските гиганти Леново и ИБМ

Нема договор меѓу компјутерските гиганти Леново и ИБМ
Преговорите меѓу Леново и „International Business Machines Corp“. (IBM) за заедничкиот бизнис со сервери не успеаја поради несогласувањата меѓу двете компании за цената, соопшти „MarketWatch“, повикувајќи се на извор кој побарал анонимност. „Не беше постигнат договор за цената“", коментира изворот на весникот. Некои аналитичари сметаат дека прекинот на преговорите најверојатно е дел од тактиката на двете компании, а договор е можно да биде постигнат во наредните месеци. IBM се натпреварува со „Dell“ и „Hewlett-Packard“ на пазарот на х86 сервери. Бизнисот со Леново ќе и овозможи подобро да се справи со конкуренцијата од овие компании, против кои сериозно напредуваше во последниве години. Аналитичари сметаат дека Леново може да ги искористи силните канали и врски во Кина, за да продава сервери на пазарот каде што сеуште има голема побарувачка на хардвер. Така компанијата ќе си обезбеди нов извор на раст и профит бидејќи продажбата на компјутери во глобални рамки се намалува поради конкуренцијата на таблетите и телефоните.
Слично

Поврзани вести