Нема договор, ако санкциите се на сила, предупреди Рохани
Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави дека Техеран нема да го склучи нуклеарниот договор со светските сили, ако наложените санкции против персиската држава не бидат тргнати, соопштува државната телевизија, цитирана од агенциите.
„Ако не се стави крај на санкциите, нема да има договор. Крајот на овие преговори и потпишување на договор треба да ја вклучуваат и изјава за откажување на репресивните санкции против големата нација Иран“, истакна Рохани во говорот во северниот град Реш.
Рохани исто така, истакнал дека власта на американскиот Конгрес мора да го преиспита нуклеарниот договор со Иран бидејќи може да доведе до внатрешен проблем. „Ние водиме разговори со светските сили, a не со Конгресот“, предупреди тој, додавајќи дека Иран сака да се стави крај на изолацијата преку „конструктивна интеракција со светот и без конфронтација“.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери го поздрави компромисот со Конгресот за склучување на конечниот нуклеарен договор со Иран за нуклеарната програма.
Кери истакна дека одобрените мерки од Комисијата за надворешни односи на Сенатот на САД го прават „убеден“ пред крајниот рок на нуклеарните преговори на 30 јуни.
Вчера беше постигнат компромис во Вашингтон. Убедени сме за постигнување на договор со што ќе го направи светот побезбеден, изјави тој за новинарите во Германија, каде се одржува средба на министрите за надворешни работи на Г-7 земји.
Анкетната комисија гласа (19 „за“, 0 - „против“) конгресмените да направат преглед на договорот, но потенцијално можат да го одбијат крајниот договор. Рокот за преглед на договорот е намален од 60 на 52 дена.
Многу од земјите кои учествуваат во преговорите со Иран, учествуваат на дводневниот состанок на Г7 во северниот германски град Либек, каде се дискутира за глобалните кризи, вклучувајќи ја Украина, Јемен и заканите од „Исламска држава“.
