Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да започне казнувањето за задолжителна вакцинација во Австрија

Нема да започне казнувањето за задолжителна вакцинација во Австрија

Кога беше донесен Законот за задолжителна вакцинација беше предвидено казнувањето на сите невакцинирани граѓани да почне од средината на март, но австриската Влада денеска донесе одлука за привремена суспензија.

Единствено е познато дека ваквата одлука се носи врз основа на извештајот на експертска комисија.

Министерката за уставни прашања Каролин Едштадлер по одлуката на владината седница истакна дека задолжителната вакцинација поради сојот омикрон не е пропорционална мерка.

Австрискиот министер за здравство Јоханес Рауч објави дека за три месеци ќе биде донесена нова ревидирана одлука за задолжителната вакцинација. 


Слично

Поврзани вести