Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да верувате што се купувало најмногу за „Црн петок“

Нема да верувате што се купувало најмногу за „Црн петок“
За Црн петок, денот на големите распродажби во САД, најпродавани артикли не биле ниту телевизори, ниту играчки, туку пешкири. Како што пренесуваат американските медиуми, трговскиот ланец Волмарт минатиот петок продал дури два милиони телевизори, но пешкирите сепак биле најпродавани. Американците за Црн петок разграбиле 2,8 милиони пешкири. Во Волмарт велат дека една од главните причини за големата побарувачка за пешкири е тоа што овој производ бил на акција. Пакување од шест пешкири чинело само 1,74 долари, што довело до тоа овој трговски ланец да продаде дури милион повеќе пешкири од лани. Навалицата за пешкири била толку голема што во некои продавници, во текот на борбата за парче од оваа памучна ткаенина, дошло до туркање и лактање. Меѓу најбараните производи биле и таблетите. Во Волмарт за Црн петок биле продадени 1,4 милиони таблети.  
Слично

Поврзани вести