Нема да верувате, фрлаа паричка и избраа градоначалник
Необичен пример за избор на градоначалник се случи во Кентаки, каде таткото на градот е избран со фрлање на паричка.
Трката за градоначалник на еден мал град во Кентаки беше нерешена, по што фрлаа паричка. Мејсон Тејлор(25) е избран за следен градоначалник на Батлер откако „победил“ во фрлањето на паричката, јавува Еј-Би-Си њуз.
Законот на Кентаки предвидува дека нерешениот резултат нема да се одлучува со ждрепка, што значи дека победникот ќе биде избран по случаен избор. Претставници на округот Пендлтон фрлиле паричка за да одредат кој ќе управува со градот со околу 600 жители. Тејлор потврди дека ова не е прв пат градот да користи фрлање паричка за избор на градоначалник, затоа што методот веќе го користеле на изборите за градскиот совет во 2018 година.
Фото Еј - Би -Си Принтскрин
