Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Австралија го идентификуваше најсмртоносното животно

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Австралија го идентификуваше најсмртоносното животно

Австралија е позната по разни „егзотични“ инсекти , па Универзитетот во Мелбурн спроведе истражување како би откриле кое е тоа најопасно животно на овој континент. Одговорот сепак е неочекуван.

Тие во истражувањето го поставиле прашањето поради кое животно починале најмногу луѓе. За да го пронајдат точниот одговор тие ги пребарале сите картони од болници, кои се однесувале на инциденти и повреди поради животни.

При таа прилика откриле на пример дека пчелите и стршлените се одговорни за смртта на 27 лица и 12.351 посети на болница. Исто така змиите се одговорни за смртта на 27 лица и 6 123 хоспитализации (се тоа во период од 2000 до 2013 година).

Но, еден вид на животно е одговорно за убедливо најголем број смртни случаи во наведениот период, поточно 74. А тоа е коњ.

На второ место се нашле змиите, пчелите и стршлените, а третото место го заземаат крлежите.

Слично

Поврзани вести