Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Во оваа земја за Божиќ има тепачки, се тепаат мажи, но и жени

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Во оваа земја за Божиќ има тепачки, се тепаат мажи, но и жени

Необичен обичај има во Перу, каде за Божиќ има тепачки. Традицијата ја викаат Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи – „удирање“.

Жителите на Чумбивилкас во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалните тепачки. Цел е луѓето да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината.

Тепачките се за „да ги решат“ семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. Традиционално се тепаат мажи, но сѐ повеќе учествуваат и жени.

Дозволени се клоци и тупаници, а борбата завршува доколку борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос“, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно.

Годинава имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. Тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.

Необични обичаи има и во другите земји. Божиќ во Норвешка малку потсетува на Ноќта на вештерките – се играат многу игри, има костуми и забави и преполна трпеза. На Бадник, сите метли и четки се традиционално скриени.

Неколку дена пред Божиќ, во Словачка, најстариот во семејството купува жив крап, кој мора да се остави два или три дена да плива во кујнскиот мијалник или када. Оваа интересна традиција според Словаците покажува почит кон рибите и природата.

Слично

Поврзани вести