Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да се гради „Ѕвезда на смртта“-Белата куќа не прифаќа

Нема да се гради „Ѕвезда на смртта“-Белата куќа не прифаќа
Премногу е скапо („повеќе од 850 милиони милијарди долари“), Белата куќа не поддржува уништување други планети, конструкцијата има добро позната маана („маана во самата основа на конструкцијата која може да биде злоупотребена од страна на ѕвезден ловец со само еден човек“), и веќе имаме прилично кул и оперативна вселенска станица. На вака духовите начин со изјава наречена  „Ова не е одговорот на петицијата на кој се надевавте“, Белата куќа се изјасни зошто засега нема да изгради Ѕвезда на смртта, како онаа од филмовите „Војни на ѕвездите“. Во одговорот се наведува дека „иако немаме Ѕвезда на смртта, имаме претседател кој знае да ракува со светлосен мач и Агенција за напредни истражувања и одбрамбени проекти кој соработува на обновување на раката на Лук Скајвокер“. Ваквата изјава на Белата куќа на Твитер веднаш добила одговор лично од Дарт Вејдер: „Сериозна грешка, господине претседател. Никогаш не можете да имате премногу ласери со големина на планета“.
Слично

Поврзани вести