Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ АНТИСЕМИТИЗАМ“ - Шолц: Секој што ги напаѓа Евреите во Германија, нè напаѓа сите нас

„НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ АНТИСЕМИТИЗАМ“ - Шолц: Секој што ги напаѓа Евреите во Германија, нè напаѓа сите нас

Германскиот канцелар Олаф Шолц упати апел до германските граѓани да ги заштитат Евреите од антисемитски инциденти, истакнувајќи дека тоа е прашање на морална храброст.

- Секој што ги напаѓа Евреите во Германија нè напаѓа сите нас – изјави Шолц во интервју за Манхајмер Морген.

Премиерот истакна дека е обврска на државата да ги заштити еврејските институции

Мора да се бориме против антисемитизмот – безусловно, рече Шолц и изјави дека има доверба во полицијата и судскиот систем по ова прашање.

- Нема да прифатиме антисемитизам. Имаме транспарентно јасен закон - палењето израелски знамиња е кривично дело. Прославувањето на смртта на невини луѓе е кривично дело. Извикувањето антисемитски слогани е кривично дело – нагласи Шолц, потсетувајќи дека органите на прогонот имаат обврска да ги казнат таквите прекршувања.

Слично

Поврзани вести