НЕМА ДА ПЛАЌААТ СМЕТКИ, КРЕДИТИ И ДАНОЦИ: Италија ги ублажува последиците од епидемијата
Поради коронавирусот, Италијанците се ослободени од плаќање даноци и рати за кредит.
Италија ќе го прошири пакетот мерки за да ги ублажи ефектите од епидемијата на коронавирусот.
Владата ќе одобри мерки во вредност од околу 10 милијарди евра, изјави министерот за индустрија, Стефано Патуанели, во интервју за Радио Капитал, а пренесе агенцијата Хина.
„Првиот круг ќе вклучува суспендирање на плаќањето на трошоци, даноци и хипотеки за да се олесни притисокот врз малите бизниси и домаќинствата. Другите мерки ќе бидат воведени дополнително“, додаде тој и најави дека италијанскиот буџетски дефицит, изразен како дел од БДП, веројатно годинава ќе се зголеми за близу три проценти.
Ќе се потрошат околу 2,5 милијарди евра повеќе од планираното.
Италија е една од најпогодените земји заедно со Кина, од каде лани почна да се шири вирусот.
Целата земја е во карантин.
