Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ОДИ ВО КИЕВ: Зошто Трамп го одби Зеленски?

НЕМА ДА ОДИ ВО КИЕВ: Зошто Трамп го одби Зеленски?

Екс американскиот претседател Доналд Трамп ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го посети Киев.

Зеленски го повика Трамп во Украина за лично да се увери во размерите на војната, но Трамп го одби.

„Исклучително го почитувам претседателот Зеленски, но мислам дека би било неприкладно да отидам во Украина во овој момент. Тој сега соработува со администрацијата на (американскиот претседател Џо) Бајден и не би сакал да предизвикувам конфликт на интереси“, кажа Трамп.

Повикот на Зеленски е реакција на тврдењето на Трамп дека би можел да го реши руско-украинскиот конфликт „за 24 часа“. Зеленски порача дека ќе му бидат потребни „само 24 минути“ за да му докаже на Трамп дека тоа не е возможно. Тој рече дека Бајден бил во Украина и дека „разбрал некои детали кои може да се разберат само ако сте таму“. Зеленски во интервју го нарече рускиот колега Владимир Путин, терористи. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести