Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ИМ ДОЗВОЛАТ ДА БЕРАТ МАСЛИНКИ ДО ЕВРЕЈСКИТЕ НАСЕЛБИ: Израел планира да воведе нова забрана за Палестинците

НЕМА ДА ИМ ДОЗВОЛАТ ДА БЕРАТ МАСЛИНКИ ДО ЕВРЕЈСКИТЕ НАСЕЛБИ: Израел планира да воведе нова забрана за Палестинците

Израел не сака Палестинците да берат маслинки во близина на нивните населби. 

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, повика на Палестинците да им се забрани да берат маслинки во близина на израелските населби на Западниот Брег. Тој предложи и формирање области во кои ќе биде забрането присуството на Палестинците. Со оваа мерка министерот сака да го оневозможи престојот на Палестинците во близина на израелските населби и главните патишта што водат до нив.

Смотрич наведува дека Израел не успева да одржи прифатливо ниво на безбедност на Западниот Брег. Тој бара да се создадат стерилни безбедносни зони околу (еврејските) заедници и патишта и да се спречат Арапите да влезат во нив.

Откако „Тајмс оф Израел“ побара објаснување, портпаролот на Смотрич појасни дека министерот мислел на Палестинците, а не на сите Арапи – иако тој го употребил вториот термин неколкупати во своето писмо. Смотрич претходно се соочуваше со обвинувања за расизам.

Екстремно десничарскиот министер тврди дека таквите мерки се неопходни за да се спречат терористички напади врз имигрантите.

Илјадници Палестинци кои работеле во Израел и на окупираниот Западен Брег пред неколку дена се испратени назад во Појасот Газа. 

На 7 октомври, палестинската терористичка група Хамас почна со напади на Израел. Потоа Израел почна со напади врз Појасот Газа за да ги уништи милитантите. 

Слично

Поврзани вести