Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема билет за следната сезона, Баерн ги распродаде за 5 дена!

Нема билет за следната сезона, Баерн ги распродаде за 5 дена!
Европски шампион Баерн за само пет дена распродаде 16 од 17 домашни натпревари за следната сезона во Бундеслигата на Алијанц Арена - стадионот каде може да се сместат до 69.000 гледачи, објавија официјалните претставници на клубот. Билети за домашни натпревари нема, а останати се неколку илјади билети само за натпреварот со Хофенхајм. „Имаме 80.000 до 140.000 барања за билети за секој од 16 натпревари, па има долга листа на чекање. Постојат уште неколку илјади од 69.000 билети за натпреварот со Хофенхајм", рече извршниот директор Јан Кристијан Дресен. Баерн очекува околу 1,2 милиони гледачи на Бундеслигата, а популарноста на клубот никогаш не била поголема. За споредба, Баерн лани домашното првенство го распродаде на 11 јули.  
Слично

Поврзани вести